И Џафери потврди дека мнозинство за уставни измени нема, кажа Мицкоски
Изјавата на претседателот на Собранието Талат Џафери дека ќе ја одложи седницата, ако нема 80 гласа за уставни измени потврдува дека нема двотретинско мнозинство, односно 80 пратеници за нивно донесување, заклучи лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во рамките на денешната посета на Вевчани, одговарајќи на новинарски прашања тој посочи дека единствено решение, за како што рече, излегување од агонијата, се предвремени парламентарни избори.
- Она што е важно да се заклучи од изјавата на Талат Џафери е дека немаа 80 пратеници, односно немаат две третини во македонскиот Парламент, кој ќе поддржи бугарски диктат. И тоа ние го зборуваме повеќе од една година. Наместо да го распуштат Парламентот, наместо сите 120 пратеника да гласаат за распуштање и да организираме предвремени парламентарни избори оваа есен, тие ја продолжуваат агонијата кај граѓаните во Македонија. Зошто? Затоа што неколкумина во раководството на СДСМ и на ДУИ исплашени дека со новата политичка реалност ќе ги изгубат своите позиции на политичката сцена, а дел од нив и внатре во партијата, како и привилегиите и можноста да го крадат народот преку наместени тендери, од петни жили грчевито се борат да нема предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски.
На прашањето дали ВМРО - ДПМНЕ ќе ја подржи декларацијата за Илинден, која СДСМ ја поднесе денеска во Собранието, тој посочи дека прво треба да ја видат и ако нема ништо спорно ќе ја поддржат и ќе ја надградат.
- Прво да ја видиме декларацијата, да видиме дали има и таму некое скриено предавство, бидеќи кога ќе доаѓа нешто од помалиот коалициски партнер во Владата, СДСМ, треба многу убаво да прочитате да не има уште некое распродавање на македонскиот идентитет. Ако нема ништо спорно не само што ќе ја подджриме, туку и ќе ја надградиме, додаде Мицкоски.
Ново на Сител
-
Салах е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата по рекорден трет пат
-
Приведени три лица од Штип, при претрес на нивниот дом пронајдени се пушки и муниција | ФОТО
-
Летови Скопје-Франкфурт со „Луфтханза“ и во зимската сезона
-
Во регистарот на ДКСК евидентирани 1916 возила согласно роковникот на за локалните избори
-
„Дружба“ повторно активен: Унгарија ја обнови испораката на нафта
-
Арсенал суспендираше 17 свои навивачи
-
На ГП „Табановце” и на „Богородица“ се чека до 30 минути
-
Во сабота почнува дваесетдневниот увид во Избирачкиот список за локалните избори