И дошол дома и мудро ја надитрил - скопјанка остана без своите пари
Во Полициската станица Аеродром, В.К. (65) од Скопје вчера околу 15 часот пријавила дека истиот ден околу 10 часот во село Долно Лисиче непознат сторител и извршил измама во дворот од нејзината куќа.
Пред тоа и се јавил нејзиниот брат Р.В. и кажал дека запознал лице кое продавало дрва по поевтина цена. Таа се согласила да ги купи дрвата. После тоа, нејзиниот брат и непознатото лице дошле кај неа дома, но набргу заминале кон пругите кои водат кон населбата Драчево. Откако пристигнале непознатото лице му кажал на Р.В. да причека, а тој се вратил во куќата на неговата сестра и побарал 9.000 денари за да ги добие документите за дрва од Ј.П. „Македонски Шуми“. Таа му ги дала парите и тој заминал и не се вратил по што заклучила дека била измамена. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани