Бизнис
12. March 2018 - 19:50

И ако не биде донесен законот, ќе има поддршка за компаниите

И да не се  изгласа законот за финансиска подршка, вицепремиерот Анѓушев уверува дека има начин  средтсвата  од планот за економски раст годинава да се искористат. Првите пари компаниите очекува да ги добијат летоска. Во текот на овој месец ќе биде објавен огласот за  државна помош за малите и средни фирми, а во април за мерките ќе можат да аплицираат и останатите компании.

Анѓупшев смета дека  со планот за економски раст има надеж  економијата годинава да ја зварши со раст од 3,2 проценти какви штои се проекциите.

Иако дел од бизнисмените предложија да се формита и тело  за да нема злоупотреби  при распределба на средствата, Анѓушев уверува дека целиот процес ќе биде транпарентен.

Фирмите веќе  ги исполнија обвсрките за да можат да аплицираат за мерките- ги доствија финаисските извештаи. Се очекува над 8000 фирми да пројават интерес за државната помош.

Планот за еконмски раст  беше презентиран пред компаниите од сојузот на стопански комори.