Хутите ја презедоа одговорноста за нападите со дронови во Саудиска Арабија
Јеменските шиитски бунтовници Хути, кои се тесно поврзани со Иран, преку соопштение денеска информираа за напад со 10 беспилотни летала врз големите нафтени објекти во Саудиска Арабија, јави ДПА.
Нападот предизвика пожари во два големи нафтени објекти управувани од саудискиот државен нафтен гигант Saudi Aramco, во источната провинција Букјак, информира портпаролот на саудиското Министерство за внатрешни работи.
- Пожарите подоцна се ставени под контрола, наведе саудискиот официјален претставник, цитиран од ДПА.
- Ние му ветуваме на саудискиот режим дека нашите следни операции ќе се прошират и ќе бидат поболни, додаде портпаролот на бунтовниците, пренесен од телевизијата al-Masirah.
Во Букијак, на околу 330 километри североисточно од саудискиот главен град Ријад, се наоѓа најголемата рафинерија во светот.
ДПА наведува дека засега не е познато дали денешниот напад го наруши производството на нафта.
Во последните месеци, Хутите ги засилија своите напади со проектили и беспилотни летала кон соседна Саудиска Арабија.
Јемен, една од најсиромашните земји на арапскиот свет, од 2014 година е заробена во уништувачката борба за моќ меѓу Хутите и владата поддржана од Саудиска Арабија.
Саудијците стравуваат дека Хутиите ќе му дадат на својот регионален ривал Иран стратешко подножје на Арапскиот полуостров.
Бунтовниците во моментов ја контролираат Сана, главниот град на Јемен, но и други делови на земјата, јави ДПА.
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење