-->
-->
Хуркач избори свое прво Мастерс финале
-->
Триесет и седмиот светски рекет Хуберт Хуркач ноќеска во полуфиналето на Мастерсот во Мајами го победи осмиот светски играч и четврти носител на турнирот Андреј Рублев со 6:3 и 6:4.
Полскиот тенисер за првпат во својата кариера избори учество во едно Мастерс финале.
Воедно тој ќе го игра своето трето АТП финале.
Во Мајами, Хуркач победи четири играчи од Топ 20 играчи и двајца Топ 10.
По завршување на турнирот Полјакот за првпат ќе влезе помеѓу најдобрите 25 тенисери во светот. Доколку победи ќе биде 16, во спротивно 25-ти на АТП ранг-листата.
За трофејот во Мајами, утре Хуркач ќе игра со 19-годишниот Јаник Синер од Италија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Втора сесија на стратешкиот дијалог во САД
-

Кампања на ДКСК за етичко и законито лобирање
-

Охрид ќе добие нови летни сцени
-

Индустрискиот симбол на Штип што исчезна
-

Започна доасфалтирање и доуредување на улиците во индустриската зона „Металец“ кај Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
