Свет
10. May 2017 - 9:51

Хун: Потребни се соодветни претходни услови за средба меѓу претставници на Сеул и Пјонгјанг

Новоименуваниот директор на јужнокорејската Национална разузнавачка служба, Сух Хун, денеска изјави дека мораат да се создадат соодветни услови за решавање на севернокорејската нуклеарна криза пред да дојде до состанок на претставниците на Северна и Јужна Кореја.

Хун, кој денеска беше именуван на функцијата од страна на новизбраниот претседател  Мун Че-ин, е стручњак за прашањето на Северна Кореја и има големо искуство во меѓукорејските разговори, наведуваат британските медиуми.

Сух, веднаш по именувањето, на новинарите им кажа дека е прерано да се разговара за евентуална средба на новизбраниот претседател  Мун Че-ин и неговиот севернокорејски колега Ким Џонг-ун.