Македонија
8. January 2020 - 10:37

Хуманитарни акции од гевгелиските пензионери за Нова година и Божик

Пензионерите од Општина Гевгелија, во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, организираа и спроведоа две хуманитарни акции по повод новогодишните и божикните празници.

Првата акција беше организирана со посети на социјално загрозените пензионери од градот и од населените места во Општина Гевгелија на кои им беа доставени дваесетина пакети со храна и облека. Втората акција беше спроведена денеска во Центарот за деца со посебни потреби „Мајка Тереза“ во Гевгелија каде на децата со хендикеп им поделија новогодишни подароци.

– Нашата помош е симболична, но прекрасно е чувството кога можеш на некого да му кажеш убав збор и да му ги честиташ веселите празници. Ова не е само финансиско помагање, бидејќи хуманоста е нешто повеќе, како на пример љубезност и почитување на човечкото достоинство независно од полот, верата, политичкото определување и националната припадност, велат од активот на жени при пензионерското здружение од Гевгелија, кое беше иницијатор на акциите.