Хуманитарна аукција по повод Светскиот ден на СИДА

Под мотото „Сите сме дел од промената“, Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – „Заедно посилни Скопје“ организира добротворен настан и одбележување на Светскиот ден на СИДА.
Настанот е замислен како аукција на уметнички дела од повеќемина уметници, меѓу кои Симон Калајџиев, Иван Петрушевски – Флим, Нина Симовска, Мима Пејовска, Велимир Жерновски, Дороти Пачкова, Марјан Арсовски, Јадранка Митева Милчовска и Петар Петков. Делата на овие уметници ќе бидат предмет на јавно наддавање.
Целта на настанот е заеднички да се придонесе за поголема свесност за ХИВ во македонската јавност и да се поттикне поддршката на јавноста кон луѓето што живеат со овој вирус.
Средствата што ќе се соберат од оваа аукција, како и минатите години, се наменети за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ во Македонија.
На настанот ќе биде промовиран и видео-спот на тема „Стигма кон лицата што живеат со ХИВ“, снимен врз основа на вистинските реакции на македонската јавност во рамките на социјален експеримент што го направи Здружението за поддршка на луѓето со ХИВ.
Ново на Сител
-

ДЗР: Скринингот не е ефикасен - многу пациентки доцна дознаваат дека имаат рак
-

Забранета водата за пиење во осум охридски села
-

Преглед на вестите од светот
-

Втора сесија на стратешкиот дијалог во САД
-

Кампања на ДКСК за етичко и законито лобирање
-

Охрид ќе добие нови летни сцени
-

Индустрискиот симбол на Штип што исчезна
-

Започна доасфалтирање и доуредување на улиците во индустриската зона „Металец“ кај Прилеп
