Македонија
23. December 2021 - 12:23
Хуманитарна акција на „Вешти жени“ во Битола
Вештите жени од Битола не се познати само по своите врвни кулинарски специјалитети, тие се познати и по својата хуманост, особено кон децата со посебни потреби. Затоа, приредија празнична забава со различни јадења приготвени од нив за децата и нивните родители.
- Родителите се благодарни за ваквиот гест, иако нивните деца тешко можат да ја искажат радоста, вели Горан Камчески кој е родител на дете со аутизам.
Вештите жени, велат, тие и помагаат секаде каде што можат. Испраќаат порака до сите – нивното малку, многу ќе ги израдува децата.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
