Хуманитарна акција на фондацијата Елеуса под мотото „Подари дел од твојата трпеза, нахрани гладен“
Под мотото „Подари дел од твојата трпеза, нахрани гладен“ фондацијата Елеуса ја започна големата хуманитарна акција која има за цел да обезбеди основни намирници за граѓаните од ранливите категории. Собраната храна ќе биде употребена во подготовка на Божиќните пакети што ќе ги добијат околу 160 семејства во Струмица и населените места кои гравитираат кон Струмичката православна епархија. Намерата е ниту едно семејство од регионот да не остане без празнична трпеза.
Акцијата веќе станува традиционална и се организира неколку пати во годината за време на големите христијански празници. Освен граѓаните, општествено одговорните компании годинава во акцијата за прв пат се вклучија и училиштата.
Големите празници не се единствените периоди кога граѓаните од струмичката епархија ја покажуваат нивната хуманост. Во рамки на хуманитарната дејност веќе една година тече акцијата топол оброк за сите преку која до сега се обезбедени над 20 000 оброци за околу 50 семејства. Оброците се обезбедуваат секојдневно, седум дена во неделата.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар