Македонија
2. February 2020 - 12:33

Хуманитарен проект „И ти заслужуваш оброк“ во Тетово

Четири угостителски објекти од Тетово од утре до петок ќе даваат бесплатни оброци за оние кои се соочуваат со недостиг од храна. Хуманитарниот проект е во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово.

-Целта е да се подигне свеста на граѓаните за проблемот со недостаток на храна со кој се соочуваат многу граѓани во нашиот град,како и да се креира можност редовно да се донира храна. Да бидеме хумани и да подариме насмевка,да им ги стоплиме срцата барем еден миг да почуствуваат љубов, истакна Станислав Бојчески од УМС на ВМРО ДПМНЕ од Тетово.

Од понеделник до петок од 12:00 до 16:00 бесплатните оброци ќе може да се подигнат во сендвичарницата Бургер хаус, пицерија Форум, пицерија Грин и ресторан Ангел.