Хуманитарен настан за собирање средства за лекување на Матеј од Делчево
Младиот делчевски фудбалер Христијан Христов организираше хуманитарна акција за собирање средства за лекување на малиот Матеј, чии родители се сиромашни.
Христов синоќа во фоајето на Спомен домот АСНОМ одржа предавање на тема „Концепт за развој и достигнување на среќа, заедно да ја вратиме вербата во човештвото“.
За Христов, овој настан е одлична прилика и материјално да му се помогне на семејството.
- Овој настан го организирав за да ја разбудиме свеста кај нашите сограѓани. Како што поминува времето заборавивме кои сме навистина. Прво, треба да си ги исполнуваме обврските како човечки суштества, а не како фудбалери, адвокати или доктори. Настанот е одлична прилика повторно да се навратиме, по начинот за живот по кој сите копнееме, а тоа е начин на живот во кој добродетелта е навика на секого, истакна Христов.
Присутните на синоќешното предавање донираа средства за лекувањето на Матеј, а добија морално-етичка благодарница за негување и развој на човештвото.
- Барем да се доближиме до целта која ја има семејството за лекување на детето. Присуството на делчевци на овој настан е голема инспирација и поттик дека некој се грижи за нив и верувам дека нема поголема инспирација од тоа дека некој не е имун на нивната болка, а за мене сочувствувањето е само сочувствување на дело, рече Христов.
Христијан има 21 година и во моментот игра за швајцарски фудбалски клуб. Тој почна да игра за клубот „Брегалница“, а потоа и во Вардар и Металург.
Ново на Сител
-
Артилериски проектил од Првата светска војна пронајден во струшкото село Калишта
-
Ужас во Кичево: 72-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години
-
Приведен возач од Македонски Брод, возел со 2,82 промили алкохол во крвта
-
ЕУ дозволи недржавни знамиња во публика, забраната за изведувачите останува
-
Од мај ќе се наплаќа движењето со возила низ Национален парк Шар Планина
-
Приведен криминалец баран со потерница, се обидел илегално да ја премине границата
-
Приведен 40-годишен маж, возел со брзина од 151 км на час на место каде е дозволено 80
-
Барселона сака да го продолжи договорот со Флик до 2027 година