-->
-->
Хуманитарен меѓународен натпревар во духот на солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани
-->
Во Спортскиот центар Аеродром – ООУ „Блаже Конески“ - Скопје вчера се одигра хуманитарен меѓународен натпревар во духот на заедништвото, солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани, објави Бигорски манастир.
Натпреварот се одржа меѓу екипите ФК Бигорски – духовни чеда на Манастирот „Свети Јован Бигорски“ и екипата од Република Србија– поклоничко друштво „Пут на Свету Гору“.
Во пријателскиот натпревар одигран во спортски дух подобра била гостинската екипа.
-Сите собрани средства од натпреварот ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани. Упатуваме голема благодарност до гостите од Србија, како и до сите учесници, публиката и сите хумани луѓе што помогнаа и донираа, стои во објавата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шведска поддршка за блатото
-
Се реконструира музејот на вода
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков