Македонија
19. August 2018 - 12:56

Хуманитарен концерт на германскиот оркестар The Black Forest Youth Wind Band во Струга

Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер ќе се одржи хуманитарен концерт на реномираниот германски оркестар The Black Forest Youth Wind Band, под диригентската палка на Џулијан Гибонс. 

На програмата ќе бидат изведени дела од Ричард Штраус, Стивен Мелило, Оскар Наваро и Мартин Елерби.

Кутии за донации ќе бидат поставени пред големата сала во Центарот, каде сите хумани граѓани ќе можат да донираат во рамките на своите можности, а парите ќе бидат наменети за подобрување на условите за работа и состојбата на основно училиште „Јосип Броз Тито“.

The Black Forest Youth Wind Band од Шварцвалд е основан во 1986 година и се состои од 65 музичари на возраст од 14-25 години. Тоа се членови од околу 120 заеднички групи на Здружението на бендовите на Верхен Рај, кое го опфаќа округот Валдссут-Тиенен во јужна Германија. Диригентот Гибонс ја води оваа група од 1996 година. Симфонискиот бенд им нуди можност на младите музичари од регионот да направат музика со многу висок стандард. Репертоарот се движи од симфониска литература до современа музика, филмска музика, како и џез аранжмани.

Бендот редовно учествува и победува на натпревари од вакви бендови, како на регионално, така и на пошироко ниво. Во нивната програмата се годишните концерти на есен и бројните концертни турнеи. Имал концерти во Англија, Шведска, Португалија, Белорусија, Велс/Англија, Канада/САД, Норвешка, Ирска/Англија, Малта и Исланд.

The Black Forest Youth Wind Band утре ќе одржи концерт во предворјето на црквата „Света Софија“ во Охрид.