-->
-->
Хуан Мата ќе игра во Австралија
-->
Хуан Мата кариерата ја продолжува во Австралија.
Шпанецот потпиша едногодишен договор со Вестерн Сиднеј Вондерерс како слободен играч бидејќи е без ангажман од јануари 2024 година кога се раздели со Висел Коби.
-Многу сум возбуден што доаѓам во единствениот австралиски клуб кој ја освои Азиската Лига на шампиони и навистина со нетрпение очекувам да стигнам таму, да започнам со тренинзи и да се подготвувам за сезоната, рече Мата.
Мата во Челси пристигна од Валенсија во 2011 година, во 2014 година се пресели во Манчестер Јунајтед, од каде како слободен играч замина во Галатасарај во 2022 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка
-
Определен притвор за битолскиот хирург осомничен за мито
-
Министерката Јаневска доби најмногу прашања на седница
-
СДСМ и Левица со заедничка иницијатива – проблемот со загадувањето се сели во Собрание
-
Депонии покрај Треска – секој фрла ѓубре каде ќе му текне: Како до решение?