Хрватско МНР: Вулин засега не е добредојден во Хрватска

Хрватското Министерство за надворешни и европски работи соопшти дека српскиот министер за одбрана Александар Вулин засега не е добредојден во Хрватска.
- Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска испрати протестна нота до Амбасадата на Република Србија во Загреб, осудувајќи ја изјавата на српскиот министер за одбрана Александар Вулин, во која тврди дека за неговото доаѓање во Хрватска може да одлучи врховниот командант на Војската на Србија, господин Александар Вучиќ, а не да одлучуваат хрватските министри. Поради таквата изјава тој засега не е добредојден во Република Хрватска, се наведува во соопштението.
Хрватското Министерство во нотата потсетува дека Хрватска е суверена држава, членка на ЕУ и НАТО, каде за влез на странци одлучуваат единствено надлежните хрватски институции, согласно хрватските закони.
- Споменувањето на врховниот командант на Војската на Србија, Александар Вучиќ, како личност која одлучува за било чие пристигнување во Хрватска, е непримерен и неприфатлив обид за негирање на суверенитетот на Република Хрватска, пишува во соопштението, каде се додава дека „изјавата на Вулин не придонесува за развој на добрососедските односи и целосно меѓусебно почитување“.
Ново на Сител
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
