Хрватско МНР: Нема нови информации за Томислав Салопек
Хрватското Министерство за надворешни работи денеска повтори дека Владата во соработка со други држави континуирано прави се што е во нејзина моќ да биде решен случајот на Томислав Салопек, кој е киднапиран од радикалните исламисти во Египет, но нема нови информации за неговата судбина.
Хрватското МНР потенцира дека сите држави до кои се обратиле за помош се одѕвале, но не прецизира за кои држави се работи, пренесува Танјуг.
Судбината на Салопек и понатаму е неизвесна, неколку денови откако истече ултиматумот од групата Покраина Синај, египетски огранок на Исламска држава.
Салопек е киднапиран на 22 јули на подрачјето на Каиро, а исламските милитанти на 5. август се заканија дека за 48 часа ќе го убијат ако египетската Влада не ги ослободат уапсените муслиманки. Киднаперите оттогаш не се огласија, а египетските безбедносни сили покренаа голема потрага по Салопек.
Ново на Сител
-
Во сабота почнува дваесетдневниот увид во Избирачкиот список за локалните избори
-
Трамп: САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка
-
Бесент: Има напредок во трговските преговори меѓу САД и Кина
-
Блумберг: По средбата со европските лидери, Трамп од Орбан побара укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ
-
Сончево со локална облачност, температура до 35 степени
-
Запленети над 1,5 тони марихуана во голема операција во Белград
-
Ангелов: Пожарот во Јасен се влошува, но со брза интервенција е запрен
-
Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори