Хрватската владејачка коалиција денеска ќе расправа за распуштање на Парламентот
Коалициските партнери на власт во Хрватска денеска ќе разговараат за датумот на претстојните избори и распуштањето на Парламентот, што би можело да се случи уште во понеделник, пишуваат хрватските медиуми.
Иако 22 мај се споменуваше како најверојатен датум за распуштање на Парламентот, пред неколку дена се појавија информации дека Парламентот би можел да се распушти уште во понеделник на 18 мај.
Претседателот на Клубот на ХДЗ, Бранко Бачиќ, вчера изјави дека е сигурен оти за распуштање на Саборот, кога ќе се одлучува за тоа, ќе има 80 пратенички гласови.
Претседателот на хрватскиот Парламент, Гордан Јандроковиќ, во средата изјави дека сè уште не е донесена одлука за распуштање на Парламентот, но не ја исклучи можноста тоа да се случи следната недела.
Тој додаде дека сè зависи од епидемиолошката состојба.
Ново на Сител
-
Отсечени од цивилизацијата - села без патишта
-
Старите автентични куќи оставени на забот на времето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун