Хрватска во следните две години ќе прими до 550 азиланти

Во следните две години Хрватска ќе прифати до 550 бегалци од држави вон Европската унија и со тоа заедно со останати членки на Унијата ќе им помогне на Грција и на Италија кои имаат засилен притисок од азиланти. Тоа го одлучи хрватска Влада на седница одржана денеска.
Владата донесе одлука и за преместување и преселување на државјани од трети држави кои исполнуваат услови за одобрување меѓународна заштита.
- Тоа е одговор на бројните хуманитарни катастрофи кои во последно време се случуваат во Медитеранот и засилениот притисок на системот на ЕУ за азил, пред се во Италија и во Грција во кои доаѓаат голем број баратели на меѓународна заштита како и голем број раселени лица од Сирија, изјави Ранко Остоиќ, минстер за внатрешни работи.
Владината одлука е имплементација на заклучоци на ЕС за давање помош на 60.000 луѓе.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
