-->
-->
Хрватска: Штрајкот во училиштата продолжува
-->

Штрајкот во училиштата во Хрватска продолжува и денеска откако по маратонските преговори, не е постигнат договор меѓу претставниците на синдикатите за образование и хрватската Влада.
Претседателот на Независниот синдикат на вработените во средните училишта Бранимир Михалинец изјави дека преговорите ќе продолжат денеска.
Набргу потоа беше објавено дека заради продолжување на преговорите, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го откажал учеството на Конференцијата за климатски промени на ОН во Мадрид.
Во изјавата, Михалинец не откри детали за синоќешните преговори, што траеја шест и пол часа, но само кратко рече дека е заклучено дека „потребно е малку повеќе време да се разговара“ и дека „преговорите се очекува да завршат утре“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
