Хрватска оваа есен очекува одлука за приклучување кон Шенген зоната од 1 јануари следната година
Советот на ЕУ следната недела ќе испрати нацрт-одлука за пристапување на Хрватска во Шенген зоната на 1 јануари 2023 година, а конечната одлука би можела да биде донесена оваа есен, јави Хина, повикувајќи се на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
„Следната недела Советот на ЕУ ќе испрати формален предлог до Европскиот парламент за пристапување на Хрватска во Шенген“, изјави денеска Пленковиќ пред Европскиот парламент.
Одлуката за приклучување кон Шенген зоната ја усвојува едногласно Советот на ЕУ, а процедурата вклучува барање мислење од Европскиот парламент пред конечната одлука.
Пленковиќ рече дека се надева оти Европскиот парламент наскоро ќе гласа за неговиот став за предлогот и дека конечната одлука за членството на Хрватска во Шенген зоната ќе биде усвоена за време на чешкото претседателство со ЕУ оваа есен.
На почетокот на 2023 година, Хрватска најверојатно ќе се приклучи и на еврозоната и на Шенген зоната, наведува Хина.
Ново на Сител
-
Дива мачка забележана во пештерата Свинска стрна на Галичица | ФОТО
-
21.178 сообраќајни прекршоци во текот на месец мај
-
Судиите му го вратиле пасошот на Jахоски за да оди на свадба во Tурција
-
Тошковски: Државата ги унапредува капацитетите за справување со кризи, показна вежба на Водно за спасување од жичница
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Стефковски: За мене е чест што моето име ќе биде меѓу имињата на анкетите за градоначалник на Скопје
-
Мицкоски за случувањата со Арсовска: Дадов коментар, не би имал што да додадам
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица со право да гласа и дијаспората