Хрватска останува силен поддржувач на Македонија за НАТО

Военотехничка соработка, соработка во областа на военото образование и заедничкото учество во мисии во рамки на САД-Јадранската повелба се дел од областите кои ги покажуваат одличните одбранбени односи меѓу двете пријателски држави, Македонија и Хрватска.
Ова на денешната средба во Загреб го заклучија министерот за одбрана Зоран Јолевски и неговиот хрватски колега Анте Котромановиќ.
Хрватскиот министер Котромановиќ изразил задоволство од нивото и интензитетот на соработката со Република Македонија и посочил дека Хрватска и во иднина силно ќе ја поддржува нашата држава на патот кон Алијансата.
- Македонија мора што поскоро да ја добие заслужената покана за членство во НАТО. Македонија ги исполни критериумите за да стане полноправен член на Алијансата уште пред самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година. Ние остануваме на патот кон постигнување на оваа стратешка цел, истакнал на средбата министерот Јолевски кој го придружува претседателот Ѓорге Иванов при официјалната посета на Хрватска.
Македонската армија, нагласил Јолевски, е целосно интероперабилна со армиите на земјите-членки на НАТО и функционира согласно НАТО-стандардите. Армијата тоа го докажа преку учеството во мисиите на Алијансата, особено мисијата ИСАФ во Авганистан.
Министерот Јолевски нагласил дека Македонија продолжува со реформите во областа на одбраната бидејќи силна армија е гарант за територијалниот интегритет и суверенитет на државата, а паралелно на тоа е и услов за членство во НАТО.
Македонија и Хрватска имаат развиени билатерални одбранбени односи во повеќе сегменти, меѓу кои и размената на искуства и експерти, како и унапредувањето на интероперабилноста преку учеството на кадети од Република Хрватска на „Летниот Кампус 2015“ во Република Македонија.
Ново на Сител
-

Најмногу врнежи во Kрушево, на Попова Шапка 55 сантиметри снег
-

Македонските спортисти продефилираа на свеченото отворање на ЗОИ 2026
-

Македонските тенисери го стартуваат дуелот со Кипар
-

Ѓорѓиевски по изборот на новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Ова раководство ќе ја испише историјата, нè очекува многу работа
-

Поради магла, намалена видливост до 100 метри на Стража и Маврово и до 60 метри на патот Гевгелија – ГП „Богородица“
-

Трамп се заканува со царини за трговските партнери на Иран
-

Отворени 25. Зимски олимписки игри во Милано Кортина
-

Променливо облачно и релативно топло, со слаб локален дожд
