Хрватска наскоро ќе почне еднаш неделно да ги тестира учениците за коронавирус
Децата на школска возраст во Хрватска наскоро ќе имаат обврска секој понеделник да се тестираат на коронавирус пред да одат на училиште. Како што дознава Јутарњи лист, во тек е изработка на план предложен од Министерството за наука и образование, согласно кој тестовите би биле дистрибуирани во сите училишта во Хрватска, по што би им биле поделени на родителите.
Учениците од прво одделение до завршни одделенија во гимназија би се тестирале дома еднаш неделно, а Министерството наскоро ќе објави подетални информации за тоа. – Сметаме дека тоа е логичен правец. Има многу болни деца, но и самоизолација. Основниот план е децата да бидат тестирани од родителите во понеделник пред училиште. Засега се планира тест еднаш неделно, но доколку некој се покаже позитивен, епидемиолошката служба и училиштата одредуваат како ќе постапат – вели потпретсеателот на Влдата, Давор Божиновиќ.
Речиси 30.000 деца во Хрватска сега се заразени или се во самоизолација, најголем дел од нив основци. И наставници се заразени, така што часовите се одржуваат онлајн одвреме-навреме, наведува медиимот.
Ново на Сител
-
Папата Лав Четиринаесетти повика да се дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа
-
Приведен измамник од Велес, на интернет продавал наводно благословени предмети
-
Во МЕПСО им се барало мито на инвеститори, Мицкоски очекува наскоро да бидат обелоденети ваквите тврдења
-
Фрлил шише со запалива течност на влезна врата од казино во Чаир, пробал да го запали
-
Двајца основци од училиште кај Бит Пазар нападнале соученик со остар предмет
-
19-годишен возач со „БМВ“ удрил 81-годишен пешак во Тетово
-
Мицкоски: Не го знам името на новиот гувернер, ќе имам средба со претседателката
-
Каја Калас во петок во Скопје на средба со премиерот Мицкоски