Хрватска ќе уништи речиси 12.000 свињи поради африканска чума
Речиси 12.000 свињи ќе бидат евтаназирани во фармите Соколовац и Неметин во регионот Славонија, откако беше потврден вирусот на африканска свинска чума, јавија хрватските медиуми.
Само во Соколовац, кај Осиек, има околу 9.800 свињи што ќе бидат уништени. Во операцијата ќе бидат вклучени полицијата и хрватската армија, а фармите со повеќе од 1.000 свињи ќе бидат под 24-часовен надзор.
Шефот на регионалниот штаб за цивилна заштита, Горан Ивановиќ, изјави дека операцијата е комплексна и бара голем број луѓе и строго почитување на биосигурносни протоколи.
Хрватската ветеринарна комора побара итна и решителна реакција и потсети дека човечкиот фактор има клучна улога во ширењето на болеста. Дополнително, претседателот на Хрватската земјоделска комора, Младен Јакоповиќ, ја поддржа мерката за воведување постојан полициски надзор и засилени контроли на сообраќајот и транспортот на животни.
Во земјата се воведуваат и нови безбедносни протоколи, вклучувајќи забрана за нелегален увоз на месо, особено од региони со активни жаришта, како Србија и Босна и Херцеговина.
МИА
Ново на Сител
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата
-
Мицкоски по условната пресуда за Онкологија: Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту овие плати
-
СДСМ бара оставка од министерката Јаневска, голем број ученици се уште немаат учебници
-
Експерти: Системската корупција останува проблем кој сериозно влијае на безбедноста на државата
-
Тутунарите се надеваат на добри откупни цени на тутунот
-
Повеќе од 5.000 апликации за земјоделски субвенции во Струмица
-
За три месеци 94 сообраќајни незгоди
-
Преглед на вестите од светот