Хрватска ќе уништи речиси 12.000 свињи поради африканска чума

Речиси 12.000 свињи ќе бидат евтаназирани во фармите Соколовац и Неметин во регионот Славонија, откако беше потврден вирусот на африканска свинска чума, јавија хрватските медиуми.
Само во Соколовац, кај Осиек, има околу 9.800 свињи што ќе бидат уништени. Во операцијата ќе бидат вклучени полицијата и хрватската армија, а фармите со повеќе од 1.000 свињи ќе бидат под 24-часовен надзор.
Шефот на регионалниот штаб за цивилна заштита, Горан Ивановиќ, изјави дека операцијата е комплексна и бара голем број луѓе и строго почитување на биосигурносни протоколи.
Хрватската ветеринарна комора побара итна и решителна реакција и потсети дека човечкиот фактор има клучна улога во ширењето на болеста. Дополнително, претседателот на Хрватската земјоделска комора, Младен Јакоповиќ, ја поддржа мерката за воведување постојан полициски надзор и засилени контроли на сообраќајот и транспортот на животни.
Во земјата се воведуваат и нови безбедносни протоколи, вклучувајќи забрана за нелегален увоз на месо, особено од региони со активни жаришта, како Србија и Босна и Херцеговина.
МИА
Ново на Сител
-

Потпретседателот на САД Венс за Украина: Трговија и културна размена наместо војна
-

Кремљ соопшти дека сè уште не е информиран за подготвеноста на Киев да разговара за мировниот план на Трамп
-

ЦУК: Обилните врнежи предизвикаа излевање на реките, поплавени објекти и одрони
-

Русија ги зголемува даноците за „странските агенти“ кои ја „предале земјата“
-

Обилни врнежи низ земјава, најмногу во Претор
-

Белата куќа го брани Трамп откако тој и се обрати на новинарка со „прасенце“
-

Предупредување во Австралија: Циклонот Фина носи разорни ветрови и силни дождови
-

Појава на одрони на патот Делчево - Македонска Каменица
