Хрватска испрати воз за прифаќање на бегалците на границата со Србија
Хрватските власти денеска испратија воз со капацитет за илјада патници до границата со Србија, каде од утринава пристигнуваат мигранти.
Возот со 11 вагони тргнал од Загреб во правец кон Винковци, каде треба да пристигне попладнево. На околу 13 километри од Винковци се наоѓа градот Товарник, каде се врши регистрација на мигрантите од страна на хрватската полиција.
Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остоиќ изјави дека до денеска попладне биле регистрирани 350 бегалци.
Според локалните медиуми, возот ќе ги транспортира мигрантите во прифатен центар во Загреб.
- Хрватска е подготвена да прифати до 1.500 бегалци дневно и ќе бара дозвола за зголемување на капацитетите, доколку бројот на мигрантите се зголеми, изјави Остоиќ.
Хрватска очекува да пристигнат околу 4.000 бегалци во следните денови.
Во исто време, официјален претставник од ЕУ нагласи дека евентуално воспоставување коридор преку Хрватска со цел бегалците да можат да продолжат кон саканите дестинации, би претставувало кршење на европските закони и обврски на земјите-членки.
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани