Хрватска е подготвена да го прими својот дел од бегалците
Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остоиќ денеска изјави дека Хрватска е подготвена да прими дополнителен број бегалци од вкупно 120.000, кои треба да бидат итно раселени од Грција, Италија и Унгарија, пренесе Танјуг.
Остоиќ изјави дека досега Хрватска покажала солидарност со овие три земји од ЕУ, кои се најзасегнати од бегалската криза на европско тло.
-Ќе продолжиме да го правиме тоа и во иднина и подготвени сме да ја прифатиме новата квота, подвлече Остоиќ на прес конференција во Загреб.
Хрватската Влада уште во јули донесе одлука да прифати 550 лица, а според новиот план на Европската комисија, што вчера беше изложен во Стразбур од претседателот на Комисијата, Жан-Клод Јункер, таа треба да прифати уште 1.064 лица.
Остоиќ посочи дека овој предлог ќе биде разгледан на 14 септември,во Брисел, на вонредната седница на министрите за внатрешни работи, а конечната одлука треба да ја донесе Советот на ЕУ.
-Овој пат господин Јункер и Европската комисија инсистираат на решителни мерки, рече хрватскиот министер
Ново на Сител
-
Фудбалерот од средниот ред на Фиорентина, Бове, изгуби свест на натпреварот против Интер
-
Продолжува црната серија на Манчестер Сити, пораз за „Граѓаните“ во дербито со Ливерпул
-
Кејн надвор од терените
-
Познати сите учесници на Светското клупско првенство 2025
-
Во Собранието ќе заседаваат две комисии
-
РКЕ ќе соопшти дали и за колку би поскапела струјата од 1 јануари
-
Приватните превозници се враќаат на скопските улици
-
Во сообраќајна несреќа во Будва загина македонска државјанка