Хрватка се породила во хеликоптер
За време на итен интервентен лет од островот Раб до Риека, Хрватска, бебе се роди во хеликоптер на Хрватското воено воздухопловство. Трудницата од Раб родила девојче тешко 4,94 килограми неколку минути пред слетувањето.
По тој повод, хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ и бројни медиуми ги посетија мајката и девојчето во болницата во Риека. Властите посебно им се заблагодарија на докторката по медицина, Данијела Врховски и на воената медицинска сестра Маја Херцег, кои ја породиле жената.
- Беше некаде помеѓу Омишаљ и Риека, шест минути пред слетувањето. Се роди малата Лара. Сѐ мина добро и веднаш заплака. Ја ставивме на градите на мајка, ја повивме и по една минута слетавме, изјави д-р Врховски.
Мајката и девојчето се добро и веќе се вратени дома на Раб.
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила