-->
-->
Хрватите на цена, Врсаљко во Атлетико
-->

Хрватскиот репрезентативец, Шиме Врсаљко ќе ги засили редовите на Атлетико Мадрид, објави Marca во понеделникот. Според истиот извор, иако актуелниот клуб на Врсаљко, Сасуоло, договорил трансфер во Наполи за 16 милиони евра, Хрватот одбрал да игра за клубот од „Винсенте Калдерон“.
Шиме Врсаљко (24) е десен бек, во изминатите неколку месеци беше поврзуван и со трансфер во Барселона или Јувентус. Сепак, според шпанските медиуми, тој одбрал да го носи дресот на Атлетико, иако Саусоло го договорил трансферот во Наполи.
Стандардниот хрватски репрезентативец кариерата ја започна во Динамо Загреб, а во 2013 година се сели во Џенова, една година подоцна за 3,5 милиони евра станува дел од Саусоло.
Врсаљко на „Винсенте Калдерон“ треба да биде наследникот на Хуанфран, еден од трагичарите на Атлетико во саботното финале во Лигата на шампионите.
Покрај Врсаљко, нови играчи на Атлетико, треба да станат Нико Гаитан од Бенфика и Диего Жота од Рио Аве.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсен 16-годишен кумановец откако нападнал лице кое му извадило пиштол и нож
-

Уапсени пет лица, од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР
-

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава
-

Мицкоски: Македонија е прва земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со САД
-

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државава
-

АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава
-

Мицкоски за Денот на Ромите: Ова не е ден само на зборови, туку и на одлуки, нашата визија почнува со достапно образование за секое ромско дете
-

Следува период на променливо облачно и стабилно време
