ХРВ ја критикува Турција поради офанзивата во северна Сирија
Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ упати критики за турската офанзива во северниот дел на Турција, посочувајќи оти турската армија не презема неопходните мерки за да се избегнат цивилните жртви.
ХРВ истакнува дека во три напади од крајот на јануари во реонот на градот Африн убиени се вкупно 26 цивили од кои 17 деца.
Во денеска објавениот извештајот на ХРВ се апелира до Турција да изврши истрага за таквите напади и јавно да ги објави резултатите од истрагата.
На 20 јануари турската армија ја почна офанзивата Маслиново гранче воглавно насочена против сириските курдски Сили за заштита на народот во сириската енклава Африн.
Според непотврдени информации околу 120 цивили загинаа во операцијата Маслиново гранче.
Турција демантира дека презема напади врз цивили.
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ