Македонија
29. July 2015 - 17:30

Хравтскиот парламент одлучи – Хрватска излегува од арбитражата со Словенија

Хравтскиот парламент одлучи – Хрватска излегува од арбитражата со Словенија 

Хрватска излегува од арбитражната  постапка со Словенија за границата во Пиранскиот Залив. На денешната  вонредна седница пратениците  ја подржаа едногласно одлуката на владата да покрене  постапка  земјата да ги напушти преговорите.  Пред гласањето  во Парламентот  , премиерот Миланович , уште еднаш објасни  зошто арбитражата не може да продолжи

Тонско милановиќ

Од Арбитражниот суд побараа што поскоро да ги сослушаат двете страни и ги повикаа да не ја влошуваат ситуацијата во меѓувреме. Словенија и Хрватска договорот  за арбитража   го потпишаа  на 4 ноември 2009 година  во Стокхолм.

Загина мигрант во обид да стигне од Франција во Велика Британија

Околу 1500  мигранти синоќа  се обидоа  да влезат во железничкиот тунел  под каналот Ла Манш во близина на француското пристаниште Кале во настојување да стигнат до Велика Британија.  Француската полиција   соопшти дека  еден мигрант е пронајден мртов во тунелот. Загинатиот е маж од саудиско потекло на возраст меѓу 25 и 30 години.  Од почетокот на годинава  над 37 000 мигрнати се обиделе да стигнат од француско на британско тло  преку тунелот.

Лото скандал ја тресе Србија

Белградското Вишо јавно обвинителство и  издаде налог на полицијата  целосно и детално да го испита  случајот со синоќешното излекување на броевите од 59-то коло на играта на среќа „Лото“кое беше емитувано  во директнио телевизиски пренос на Тв Прва. До ова дојде откако на екранот прво беше испишан бројот 21  наместо извлечениот,  27 , а потоа беше извлечено топче со тој број. Од државната лотатија на Србија  објаснија дека  операторот по грешка испишил  погрешен број на екранот