Македонија
3. December 2024 - 12:18

Храбро срце со реакција за малиот буџет за трансплантации

На лицата со вградена механичка подршка секојдневието им е борба за живот.

Од здружението Храбро срце бараат повеќе средства од предвидените 9 милиони денари од буџетот за наредната година за трансплантација на органи. Васко Јолевски, од Струга, е еден од оние 25 лица во државата, со вградена механичка поддршка на срцето, кој чека трансплантација тој   вели дека овие лица не по своја волја се нашле во една тешка состојба.

Секојдневието им е борба за живот, но и за подигнување на свеста за донирање органи со батерии во ранец, поврзани со кабел за уред вграден во стомак, за да може срцето да им функционира .

Срцевите болни иако  години наназад бараат лекот „Ентресто“  кој значи полесно справување со здравствената состојба да биде ставен на позитивна листа од сето тоа сеуште ништо.