Хоспитализираниот на Инфективно во велешката болница нема коронавирус

Хоспитализираниот од завчера сомнителен случај на Инфективното одделение во велешката Општа болница е негативен и нема корона вирус покажал тестот кој бил извршен на него,а негативни се и тестовите на членовите на неговото семејство. Како што инфрмира за МИА д-р Весна Николовска Неделкова портпарол на ЈЗУ Општа Болница, симптомите како покачена телесна температира и сува кашлица биле како последица на добиениот мозочен удар кој ги претрпел овој 70 годишен маж кој пред 10 дена се вратил од Шведска. Пациентот сега е префрлен на понатамошно лекување од претрпениот мозочен удар, информира д-р Николовска Неделкова.
Таа информира дека во Велес и Велешко нема ниту еден случај на заразен со корона вирус и апелира до населението да не шири паника и лажни вести.
-Со оглед на новонастанатата состојба во земјава со вирусот Ковид -19, и препораките од Владата, ние лекарите апелираме до сите граѓани кои се вратиле од странство да поминат 14 дена во домашна самоизолација,а со цел да го заштитат сопственото и здравјето на останатите граѓани, потенцира д-р Николовска Неделкова.
Ново на Сител
-

Можно е пак да има мерки за цените на горивата
-

Државната ревизија утврди повеќе неправилности во Aгенцијата за вработување
-

„Фостер” од 1 август само со партиципација од 280 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата го опструира носењето на Изборниот законик
-

Покачувања на цените во рестораните и кафулињата
-

Кошмар во Штип, додека спиеле багер им срушил дел од куќата
-

Ќе се деминира трасата на автопатот од Прилеп до Битола
