Хоспитализирани нови 20 случаи меѓу кои и три пожарникари
Директорoт на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, на неговиот Фејсбук профил објави соопштение поврзано со нови хоспитализации на лица повредени во пожарот во Кочани.
„Нови 20 хоспитализации
Денеска се хоспитализирани нови 20 случаи, вклучувајќи три пожарникари. Со тоа и покрај преносот во странство бројот на хоспитализирани е околу 90 повредени и тоа во Клинички центар 60 лица, ГОБ 8 септември 17 лица и Св. Наум Охридски 12 лица. На тоа треба да се додадат 8 повредени во Аџибадем Систина и 6 повредени во Жан Митрев. Денеска во странство се пренесени 24 повредени и тоа 13 во Србија, Словенија двајца повредени, Литванија четири, Бугарија еден, Австрија четири (Виена, Грац). Во Србија едно лице е во КЦ Ниш, во ВМА се четири лица и КЦ Белград се осум повредени. Вкупниот број на повредени во странство е 73. Се очекуваат нови транспорти ноќеска во Атина, Грција и Загреб, Хрватска.
Денеска пристигна и тимот од Израел од Шеба центарот. Тимовите од Чешка и Израел се во Клиничкиот центар во Скопје, а денес ги поздрави и Христијан Мицкоски, Претседател на Владата.“ - напиша Клековски во објавата.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска
-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“