Свет
21. јуни 2017 - 14:31

Хоспитализиран сопругот на британска кралица Елизабета Втора

Сопругот на британска кралица Елизабета Втора, 96-годишниот принц Филип вчера е примен во болница и не пристуствуваше на денешната прва сесија на новиот Парламент.

- Принцот Филип вчера е хоспитализиран. Тој е добро расположение, но е разочаран бидејќи ќе го пропушти отворањето на Парламентот, изјави портпаролот Бекингамската палата.

Војводата од Единбург синоќа е примен во болница „Крал Едвард Седми“ во Лондон како превентивна мерка за лекување на инфекција од стара болест.

Принцот Филип е срцев болен.