Хорор во зоолошка: Полуде слон, замавна со сурлата и му нанесе смртни повреди на чуварот

Слон нападнал работник во еден од најпопуларните тематски паркови во Јапонија „Адвенчр ворлд“, а мажот починал од здобиените повреди.
Експертот за работа со животни од Тајланд Вичај Мади со колега влегол во кафезот за да го исчисти слонот.
По некое време, животното станало нервозно, почнало да замавнува со сурлата на страна и го отфрлила едниот од работниците кон железната ограда. Потоа слонот неколку пати го влечел човекот по кафезот.
Веднаш по инцидентот, 37-годишниот Тајланѓанец е префрлен во болница, каде починал од здобиените повреди. Ветеринарите се обидуваат да дознаат зошто животното така се однесувало.
Тематскиот забавен парк се наоѓа во западната јапонска префектура Вакајама и обединува зоолошки парк - сафари, аквариум и забавен парк.
Негови најпознати жители се и џиновските панди кои привлекуваат стотици илјади посетители на зоолошката градина.
Ново на Сител
-

Донирај текстови, документи и гласовни снимки за потребите на „Везилка“
-

23 септември - ден на знаковниот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
-

Дел од граѓаните не знаат за своето културно наследство
