-->
-->
Хорор во Велес: Дете (12) тешко повредно кога врз него паднала метална статива
-->

Малолетник од Велес е тешко повреден откако врз него паднала метална статива на ракометното игралиште во велешкиот Градски парк.
Од велешката полиција информираат дека кај нив вчера во 16:25 часот било пријавено дека во итната медицинска помош во Велес со тешки телесни повреди бил донесен 12-годишниот Л.Н., на кого на едната рака му паднала стативата и му ги згмечила прстите.
Од Брза помош детето веднаш било препратено во велешката Општа болница. Како што информира за МИА, д-р Тодор Јаковлевски портпарол на ЗЈУ Општа Болница Велес, од рентген снимката е увидено дека детето се здобило со тешки повреди – згмечени прсти и фрактура на коските на шаката.
Поради тежината на повредата момчето од велешката Општа болница со возило за итна помош било префрлено на понатамошно лекување на Клиниката за пластична хирургија во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Инспекторите од понеделник на терен, ќе се казнува секој кој ќе фрли отпад по 22ч
-

20 диви депонии низ Прилеп
-

Втор ден дебата за Буџетот
-

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди тврдат дека коалицијата на Ахмети се распаѓа, ДУИ негира
-

Старт ап центар за студентите на УГД-Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Новиот закон за ДДВ на пратки до 22 евра нема да ги удри по џеб граѓаните туку шпедитерите
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
