Хорор во Кичево: Во претурената куќа го пронашол татка си убиен

Полициската станица од Кичево, презема засилени мерки за пронаоѓање на сторителот на кривичното дело „разбојништво“ во кое со смртни последици се здобил Зулфиќар М. (77) од Кичево.
Безживотното тело, го пронашол неговиот син вчера во 16 часот и 55 минути во куќата на својот татко на улицата „Јосиф Јосифоски-Свештарот“ во Кичево.
-Тој при влегување во куќата забележал претурање на предметите од покуќнината а во една од собите на приземјето го видел безживотното тело на неговиот татко. Смртта ја константирал доктор од „Општа болница“ од Кичево кој забележал видливи повреди во пределот на главата, информираат од СВР Охрид.
На местото на кривично правниот настан, извршен е криминалистичко-технички увид во присуство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, полициски старешини од СВР Охрид, вешти лица од одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи како и полициски службеници од полициската станица Кичево.
-Притоа, константирано е дека кривичното дело е извршено во временскиот период помеѓу 9-ти и 10-ти овој месец од засега непознат сторител кој насилно и со кршење на стакло од светларникот направил отвор, влегол во внатрешноста на куќата и извршил пребарување низ собите на приземјето и горниот кат. При извршувањето на делото, случен е напад врз животот и телото на сега починатиот сопственик на куќата.
По наредба на Јавниот обвинител, денес ќе биде извршена обдукција врз телото на сега починатиот како и дополнителни активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот на кривичното дело.
Ново на Сител
-

За неполн месец спасени 10 давеници
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Оставка на уставниот судија Гоце Наумовски
-

Кавги во Собранието поради законот за правична застапеност - ДУИ бара веднаш да се гласа
-

Дурмиши: Продажните цени растеле побрзо од набавните, но сега се стабилизираат
-

Четири компании аплицирале на тендерот на Министерството за транспорт за електрични автобуси
