Хорор сообраќајка на излез од Тетово, возач тешко повреден и пренесен во Скопје
Педесет и четиригодишниот Ж.З. од тетовска Брвеница е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на излезот од Тетово кон Скопје, откако изгубил контрола врз возилото што го управувал и удрил во метална ограда.
Тој се движел по булеварот Маршал Тито, а несреќата се случила кај подвозник каде има излез од делницата.
– Ж.З од Брвеница управувајќи автомобил Бе-Ем-Ве загубил контрола и удрил во метална ограда која го дели булеварот „Маршал Тито“. Поради тешките повреди кои ги здобил како итен случај веднаш е однесен на скопските клиники, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Увид на местото на несреќата извршија претставници на Обвинителството.
Инаку, во понеделникот на булеварот „Маршал Тито“, тешко беше повреден 57-годишен пешак од Тетово. Тој бил удрен од возило „Ланчија“, управувано од 33-годишник од Глоѓи.
Ново на Сител
-
Херцог жали за жртвите од иранскиот ракетен напад: Многу тажно и тешко утро
-
Три сообраќајки вчера во Тиквешијата
-
Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени
-
Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава
-
Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени
-
Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка
-
Сончево и топло со слаб до умерен северен ветер