-->
-->
Хорор: Сечел дрва со моторна пила, си ја исекол ногата и искрварил
-->
Маж од подрачјето на Добој синоќа починал откако вчера попладне сечејќи дрва во својот двор, со моторна пила си ја пресекол левата потколеница.
Полицијата од Добој веднаш дошла на самото место со лекар патолог од Здравствениот дом Добој.
По прегледот на починатиот констатирано е дека смртта настапила од здобиените повреди. Лекарот утврдил дека несреќниот човек претходно доживеал мозочен удар.
Пред доаѓањето на итната помош членовите на семејството повредениот Г.С: го сместиле во приватно возило и тргнале кон болница, но тој искрварил додека стигнале до локалниот пат.
За случајот е известен јавен обвинител од Добој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември