Хорор: Се скарал со девојката и и забил нож во глава
Кавгата меѓу момче и девојка во Деветтата виенска општина Алзергрунд во вторниот заврши трагично.
Еден 27-годишен азилант од Авганистан на метро станицата Фолксопер ја избиодел својата 21-годишна девојка. Лекарите од итната помош успеале да ја реанимираат на самото место, а потоа да ја префрлат во главната виенска болница, со тешки повреди на главата, повеќкратни скршеници и фрактура на черепот.
Сведоци ги слушнале ужасните врисоци на станицата У6 лај Виенската опера околу 20 часот. Авганситанецот по кавгата со својата девојка го извадил ножот и ја избодел. Имено, таа се обидела да го смири и во еден момент се обидела да му стави рака преку устата додека тој бесно се се дерел кон неа.
Меѓутоа дополнително се разлутил поради тоа и извадил нож на расклопување и сечилото неколку пати и го забодел во глава. Така ранета ја фрлил низ монтажните челични скалила.
-Ужасно. Живеам карши. Околу 20 часот слушнав врисоци и повици за помош. Излегов на прозорец и ја здогледав жртватата во локва крв, вели сведок.
Тој додава дека напаѓачот ја држел девојката во прегратка се додека не го уапсила полицијата. Со повредите опасни по живот несреќната девојка е префрлена во болница, и се уште е во животна опасност.
Ново на Сител
-
Израелската армија соопшти дека нападнала повеќе од 100 „терористички цели“ во Појасот Газа
-
Трамп го номинира адвокатот Стенли Вудворд за негов помошник и постар советник во правниот тим на Белата куќа
-
Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле
-
Млад гостиварец осомничен за силување 13-годишно девојче
-
Намалена видливост поради магла на планинските превои Ѓавато и Буково
-
Утрово најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божик
-
Израелските демонстранти го повикаа Трамп да стави крај на војната во Појасот Газа и да ги ослободи заложниците