Хорор: Сања роди три бебиња, а нејзината мајка ги уби и закопа сите
На бабата монструм, Војкана Богојевиќ (54) од Трњане кај Добој и е зголемена казната затвор од шест на десет години, поради потткинување и убиство на трите внучиња кои ги родила нејзината ментално заостаната ќерка Сања, потврди Врховниот суд на Република Српска.
Според обвинението несреќната Сања од 2011 до 2015 години родила три бебиња кои потоа се убиени и закопани на семејниот имот.
Во обвинението е наведено дека Војкана и помогнала на Сања да се породи во шталата по што ги задушувал новороденчињата и ги фрлала на нива.
За овој шокантен случај кој е откриен во јануари 2016 години, во меѓувреме на 3 години затвор е осуден роднината на Сања, Раде Богојевиќ, а по 6 месеци затвор добија и Вид Јанковиќ од Дуго Поље кај Модрича и Жарко Цвијетиќ од Скугриќ.
Тие тројца се товарат за обљуба на ментално заостанато лице.
Со ДНК анализа е утврдено дека Раде Богојевиќ е татко на едно од двете пронајдени бебиња, а идентитетот на таткото на другото бебе не е утврден иако се анализирани биолошките траги на сите осомничени. Третото отфрлено бебе се уште не е пронајдено.
Ново на Сител
-
Со зголемени казни пониски цени - Владата најави измени во Законот на нефер трговски практики
-
Преглед на вестите од светот
-
Тројца загинати и двајца повредени е црниот биланс на сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Воведни обраќања на денешното судење за Онкологија
-
Чудно е како во претпријатијата каде раководи ДУИ се распламтуваат пожари, вели Мицкоски за пожарот во Дрисла
-
Скадналот со прислушкувањето во фокус на опозициските прашања во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со 25 партии на претстојните избори
-
Хотелите ги отвораат вратите за пензионерите