Живот
8. February 2017 - 14:54

Хорор: Петгодишно дете пронајдено мртво во канал, таткото го казнил зошто се помочало

Петгодишно дете е пронајдено како лежи мртво во канал во Аир-сур-ла-Лус, на северот од Франција, откако, според наводите таткото го искарал зошто се помочал во кревет.

Таткото наводно малечкиот Јанис го терал среде ноќ да трча неколку километри покрај каналот, облечен само во гаќички и чорапи. Тој, потоа го следел со велосипед. Безживотното тело на малечкото е најдено подоцна на патот покрај каналот, откако таткото повикал итна помош. Според првичните информации, причина за смртта е застој на срцето.

Foto: Profimedia/AFP

Француските медиуми пишуваат дека детето имало повреди на главата и скршен нос. Обдукцијата ќе покаже дали повредите настанале истата ноќ или се резултат на претходно злоставување.

-Истрагата ќе покаже дали причина е хипотермија, пад или злоставување на детето, велат од полицијата.

Foto: Facebook/Yanis Notre Ange

Мајката (22) и таткото (30) се уапсени под сомнение дека се одговорно за ненамерната смрт на детето. Еден од соседите рекол дека мајката на детето се доселила пред два до три месеци.

-Малку знаевме за неа, не беше многу разговорлива, рече тој.

Двојката наводно се венчала во 2015 година и Јанис им бил единствено дете.