Хорор на Тајван: 4 лица загинаа во страотен земјотрес, 145 заробени под урнатините
Во силниот земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер кој вчера го погоди Тајван, загинаа најмалку 4 лица, а екипите за спасување во градот Хуалијен трагаа во текот на ноќта низ рушевините по 145 исчезнати лица.
Како што се наведува, најмалку четири лица загинаа, а 225 се повредени во земјотрес кој го погоди ова приморско градче во вторникот кратко по полноќ.
Се наведува дека според најновите податоци на тајванските официјални лица, исчезнати се 145 лица, а се верува дека повеќето од нив останале заробени некаде во урнатините на зградата.
Во Хуалијен, кој се наоѓа на 180 км од главниот град Тајпеј, живеат околу 100.000 луѓе.
Улиците на тој град се уништени од земјотресот, а 40.000 домови останаа без вода и околу 1.900 без струја.
Екипите за спасување ја оградија областа во една станбена зграда чии прозорци целосно попукаа, и е навалена под агол од 40 степени.
Жителите ја набљудуваа спасувачката мисија и прераскажуваа како изгледало кога земјотресот почнал.
-Уште работевме кога се случи тоа. Ја грабнав жената и децата, истрчавме надвор и се обидовме да спасеме други луѓе, рече Лин Чинг Вен кој води ресторан во близина на една зграда.
На снимката може да се видат големи пукнатини на патиштата, додека полицијата и службите за спасување се обидуваат да им помогнат на луѓето кои исплашени трчаат по улиците.
Тајванската претседателка Цаи Инг-вен отиде на самото место денеска за да помогне во спасувањето.
-Претседателката побара од кабинетот и министерствата веднаш да го покренат „механизмот за катастрофи“ и да работат со најголема брзина при катастрофата, се наведува во соопштението од нејзиниот кабинет.
Некои згради „висеа“ на своите темели, а спасителите користат јажиња, скали и кранови за да ги извлечат станарите на сигурно.
Училиштата, канцелариите, патиштата и мостовите се затворени.
На видео снимките и фотографиите се гледаат неколку згради кои се навалени под остар агол, нивните приземни катови се срушени, насекаде има свиткани железни греди, разрушени бетонски плочи и стакло, додека спасителите се качуваат по скали за да ги извлечат луѓето од становите.
-На почетокот не беше толку тешко. Вакво нешто кај нас постојано се случува. Меѓутоа стана многу застрашувачко. Беше навистина многу страшно, рече Чен Минг -хуи од ЦНА откако спасувачките екипи го извлекоа од подрумот на еден хотел во кој бил заробен.
Среде пропратните потреси кои продолжија во текот на ноќта во оваа област жителите се преместени во засолништва како и на новиот бејзбол стадион каде добија сместување и храна.
Островот Тајван се наоѓа во близина на местото каде се раздвојуваат две големи тектонски плочи и поради тоа редовно е погоден од земјотреси.
Пред две години, земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер погоди комплекс станови на југот од Тајван при што загинаа 115 лица.
Ново на Сител
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки
-
Три недели по инцидентот со птичјиот грип, отворени вратите на зоолошката во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците