Хорор на гинекологија: Лифт преполови родилка на пола, ден пред тоа роди девојче

Шпанката Росио Кортез Нуњез (26) настрада на ужасен начин.
Имено, додека на носилка ја носеле кон родилиштето во болницата во Севиља кога лифтот наеднаш тргнал и носилката буквално до пола влегла во него.
Несреќничката само што се разбудила од царскиот рез и службеникот на болницата ја туркал кон третиот кат. Вратата од непозната причина се отварала и затворала во место што јасно укажувало дека е расипан.
Одеднаш лифтот тргнал, следувала ужасна сцена, а жената е преполовена на два дела, а нозете и останале да и висат во окното. Требале два часа за да се тргне телото, а на кутрата жена и немало спас.
Официјално, причина за несреќата е механички квар на вратата.
Нејзиното семејство ја чекало на пултот за да ја видат кога ја слушнале ужасната вест.
-Ми ја убија ќерката, радоста на мојот живот и оставија три мали девојчиња без мајка, плачеше нејзиниот татко.
Бебето ден претходно е префрлено во друго одделение во зградата поради проблеми со срцето. Сега е добро и се опоравува.
Ново на Сител
-

Новиот закон за ДДВ на пратки до 22 евра нема да ги удри по џеб граѓаните туку шпедитерите
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Алиу: Кај 10 пациенти без потреба направени кардиохируршки операции
-

Мицкоски уверува во стабилна коалиција, ВРЕДИ најавува зголемување на мнозинството
-

Почна собраниската расправа за буџетот 2026
-

Судиите со писмо до Мицкоски: Премината е границата на добро однесување
-

Град Скопје забрани домаќинствата и фирмите да фрлаат ѓубре од 22 навечер до 6 наутро
-

Преглед на вестите од светот

