Хорор: Му ги ископала очите на детето па се самоубила
Во кинеската провинција Џилин се случи страотно злостроство кога соседката го стаклено шише го избодела детето во очите, а потоа извршила самоубиство мислејќи дека го убила детето.
Полицијата покрена истрага за страотниот напад, поради кој детето би можело трајно да го изгуби видот.
Ванг Су долго време се карала со семејстовото на момчето околу земја. Според исказот на повреденото дете таа утрото влегла во продавницата која ја држеле родителите на момчето и со себе носела шише пиво.
-Ми рече дека сака да купи сладолед. Кога се свртев кон витрината таа го скрши шишето од мојата глава и ме нападна со стаклото, вели момчето кое се вика Цу.
Бидејќи мислела дека го убила детото, Ванг подметнала пожар во дуќанот и извршила самоубиство пиејќи отров.
Родителите на детето набрзо дошле и го нашле како лежи на подот тешко повреден.
Тој е итно префрлен во болница каде лекарите му го отстраниле десното око за да спречат инфекциа. Левото око исто така му е тешко повредено и засега не се знае дали момчето ќе остане слепо.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип