Живот
2. March 2017 - 14:23

Хорор: Млада жена запалена жива во ритуал на егзорцизам

Една 25-годишна жена од Никарагва починала, откако била врзана и фрлена во оган при ритуал на егзорцизам, јавија никарагванските медиуми.

Вилма Трухиљо, мајка на две мали деца, била нападната од четири лица, предводени од човек за кого сведоци изјавиле оти е евангелистички свештеник.

При инциднетот интервенирала и полицијата, која го уапсила свештеникот Хуан Роча и уште десетина други лица, под сомнеж дека биле вклучени во ритуалот на истерување на духови, што властите го третираат како брутално убиство.

Уапсениот Роча ги отфрла обвинвањата, објаснувајќи дека само „духовите на злото“ се виновни и дека тие ја фрлиле жената во огнот.

Несреќната Трухиљо била најдена од незините најблски во критична состојба со сериозни изгореници по телото, по што набрзо починала.

Сопругот на убиената изјави дека таа била одведена во локалната црква, откако некои луѓе тврделе оти е „опседната и маѓепсана“, затоа што наводно се обидела да нападне локални жители со мачета.

Случајот предизвика згрозување во јавноста на оваа централноамериканска земја, која е доминантно католичка, но во која дејствваат разни религиозни секти.

Комисијата за човекови права во главниот град Манагва соопшти дека побарала од Владата итни мерки за заострување на контролата врз сектите во земјата.

- Ова што се случи е неверојатно за денешно време, изјави претставник на Комисијата.

Со остра осуда се огласија и организациите за заштита на жените, кои обвинуваат дека спалувањето на Вилма Трухиљо укажува на крајно лошата положба на жените во никарагванското општество.