Балкан
7. April 2016 - 16:07

Хорор: Мигрант се закануваше дека ќе го фрли бебето

Еден од мигрантите низ гужвата се провлекуваше со бебе во рацето. Ситуациајта изгледала како да сака да го фрли бебето врз полицајците. Друпа пак истакуваат дека само сакал да го заштити своето бебе од толпата или да ги спречи полицајците да тргнат кон додека тој држел бебе во рацете. Често мигрантите ги користат децата како штит во судирот со чуварите на редот, зошто така се сигурни дека полициајта нема да ги нападне.

До судирот дошло кога бегалците кои престојувале во грчкото пристаниште Пиреј им е речено да го преместат кампот во близина на Атина, наместо да ги пуштат да го продолжат патот кон западна Европа.

На почетокот од снимката се гледаат полицајци кои се расправаат со еден мигрант, по што доаѓа дрг мигрант со бебе во рацете, го подигнува бебето и се заканува. Тој потоа го спушта бебето и се откажува од своите намери.

Илјадници мигранти моментално се заробени во Грција поради тоа што околните земји ги затвораат своите граници и не ги пуштаат. Бегалските кампови се преполни, а напнатоста меѓу бегалците кои сакаат да стигнат до економски развиените земји од ден на ден е се поголема.