-->
-->
Хорор: Маж во живо на Фејсбук емитувал убиство
-->

Полицијата во Кливленд трага по маж, за кој постои сомневање дека убил човек и оти злосторството го пренесувал во живо преку Фејсбук.
Полицијата наведува дека осомничениот подоцна објавил уште една видео снимка на социјалната мрежа, тврдејќи дека убил и други луѓе.
Наредникот Џенифер Чач изјави дека полицијата досега не потврдила други убиства, освен тоа што се случило во неделата попладне во населбата Гленвил.
Видео снимката од убиството, кое е објавено на Фејсбук, била на социјалната мрежа околу три часа пред да биде отстранета.
Чач изјави дека полицијата трага по маж, Стивен Стивенсон и оти смета дека е вооружен и опасен.
Детали за жрвата не се објавени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кочоска: Формализирање на неформалната економија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Го заштитивме растот на платите
-

Вечерва во Струмица започнуваат карневалските свечености
-

Изјава за медиумите на премиерот Мицкоски
-

Преглед на вестите од светот
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
