-->
-->
ХОРОР: Мајка си го тепала бебето додека не го убила
-->

Жал м ие за се...Детето плачеше...Јас не го направив тоа...Ладно ми е, неповрзано зборувала Едита Барањи (23) во полиција која е осомничена дека ја убила својата едномесечна ќерќичка.
Во саботата околу 10 часот со својот свекор, Едита го однела бебето во здравствениот центар во Врбас, каде и покрај тоа што немало пулс и не дишело докторите се обиделе да го реанимираат.
Докторите се во согласност со протоколот, веднаш ја известиле полицијата под сомнение дека бебето не починало од природна смрт.
По доаѓањето на инспекторите, телото на бебето било испратено на итна обдукција во клиничкиот центар во Нови Сад каде што експертите ги потврдиле сомневањата на докторите.
- На телото на бебто не можело да се видат траги од насилство, а после обдукцијата се утврдило дека причина за смртта на бебето е внатрешно крварење, излив на крв во мозокот, пишува српски „Блиц“.
- Едита беше прилично вознемирена и делуваше како човек кој не е при здрав разум. Зборуваше непозврзано и цело време велеше дека и е жал, изјавил Глодовиќ за Блиц кој исто така истакнал дека тие повреди детето можело да ги добие само со мавање и тресење од земја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ОЈО Скопје отвори истрага за насилството врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“
-

Тема на денот со Ведрит Ибушоски, претседател на Здружение на радиолошки технолози на Македонија
-

Презентирани над 200 докази во случајот со Груби за злоупотреби во Државната лотарија
-

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за платено политичко рекламирање, Левица обвинува за партизација на Судот
-

Судски совет: Се работи на расчистување на состојбите во Основниот суд Куманово
-

Амбасадорите за Норвешка, Бугарија, Шведска и Романија ги претставија дипломатските платформи во Парламентот
-

Од денеска Хрватска ќе издава визи за камионџиите
-

Клековски: Имаме ситуации со луѓе кои се на боледување, а на Инстаграм се сликаат на одмор во Италија
